Press "Enter" to skip to content

Преку дискусии и на терен за вакцинирање на ромската заедница во Битола

По повод неделата на имунизација, во просториите на Ромскиот здравствен образовен центар во Битола се одржа дискусија на тема “Важноста на вакцините кај децата и повозрасната популација“.

Дискусијата ја водеше д-р Марија Димовска од ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола во соработка со Центар за јавно здравје – Битола, Ротари клуб „Широк Сокак“ – Битола и Ротаракт клубот „Широк Сокак“ – Битола. Исто така, присутен беше и претставник од Светската здравствена организација, кој ја поздрави нашата работа и ни посака успех во понатамошните активности.

По дискусијата, нашиот ромски здравствен медијатор, Мелиса Комина, заедно со тимот на ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола се упатија на терен кадешто дополнително се вршеше информирање и вакцинирање на ромската заедница во Битола.

Активноста е поврзана со специфичните цели од Локалниот здравствен акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »