Press "Enter" to skip to content

63 годишнината МНД Битола ја одбележа со трибина за писателот Владимир Костов (фотогалерија)

Македонското научно друштво – Битола вечерва во Битола, во Офицерскиот дом ја одбележа 63. годишнината од своето формирање преку одржување на трибина посветена на еден од своите најистакнати членови, нашиот сограѓанин, писателот Владимир Костов, кој, за жал, почина на почетокот на оваа година.Трибината беше со наслов “За Костов“ и истата ја отвори претседателката на Македонското научно друштво, проф. д-р Невена Груевска, која во своето воведно обраќање ги поздрави присутните и се осврна на значењето на овој настан не само за МНД- Битола туку и за целиот град Битола, и за годишнината од основањето на МНД рече:-Колку долго време е 63 години. Ако го гледате низ призмата на човековиот живот тоа е еден голем период. Ако го гледате во некој историски период тоа е многу малку. Низ очите на еден град, тоа е период во кој можат да се случат многу големи промени. МНД денес слави 63 години континуитет. МНД опстојува 63 години. 63 години мошне плодна дејност која е втемелена на доброволна, непрофитна  основа што на друштвото му дава  дополнителна екстра вредност. За толку време да опстојувате и  да се одржувате, како една институција, во нашиот случај научна организација  потребни се многу работи. Многу познати и признати дејци од секоја научна сфера биле членови на МНД и точно од МНД ги започнале своите интелектуални подеми. Хемичари, физичари, новинари, економисти, правници, уметници. МНД било дом буквално на секој  квалитетен кадар во првите години од формирањето на друштвото потекнувал и создавал  во рамките на  битолскиот регион, за покасно интересот за зачленување и дејствување да се прошири и на национално ниво. За 63 години потребно Ви е и големо почитување меѓу самите членови, другарство и заедничка соработка. Потребно Ви е и   почитување од заедницата, локалните и државните власти.-Факт е дека МНД отсекогаш имала соработка и почитување од заедницата. Токму и овај денешен настан е во соработка со КИЦ Битола  а со поддршка на градоначалникот и општина Битола. Поддршката која сме ја добивале од јавноста и од нашите сограѓани, секогаш била дополнителен мотив за да продолжиме со работа и со ОСТВАРУВАЊЕ на нашите програмски определби и зацртани планови. Секој позитивен коментар, секој напис, пофалба и критика  за МНД е мотив повеќе за продолжување на сериозната работа за која сме се нафатиле да ја работиме. Она што низ годините било издадено и продуцирано од МНД, било со многу квалитет, точност и значајност како за моментот кога се издавало, така и за минатото, а секако и за иднината.Со таа причина овогодинешното одбележување на роденденот на МНД е реализирано со трибина посветена на еден од нашите најистакнати членови , нашиот сограѓанин, неодамна починатиот писател Владимир Костов кој воедно беше и почесен члена на МАНУ.-Основната цел на настанот, како што истакна таа, беше да се одбележи роденденот на Друштвото со тоа што ликот и делото на еден од своите најистакнати членови ќе го доближи до битолската публика, особено до помладата читателска публика.За Костов на трибината свои обраќања имаа следниве реномирани професори, книжевници, литературни критичари: Даниела Андоновска-Трајковска,  Анита Ангелевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Милица Радевска, Александар Стерјовски,  Добре Тодоровски и Живко Андреевски. Секој од учесниците се обиде на многу интересен и непосреден начин да им долови на присутните различни аспекти од богатиот животен и книжевен опус на Костов.Присутните исто така имаа можност да слушнат извадоци од маестралните дела на Костов, „Црквичето“ и „Дива мисла“, во интерпретација на учениците Тамара Талевска и Андреа Триста од основното училиште „Даме Груев“- Битола, и Филип Здравески и Викторија Стојковска од средното општинско училиште „Јосип Броз Тито“ Битола.Настанот беше збогатен и со музички дел за којшто беа задолжени ученици од средното музичко училиште во Битола и тоа: Зорица Јовчева, Теодора Мицеска и Санела Шукриевска.Во улога на модератор на настанот беше Милена Касапоска-Чадловска, член на Одделението за лингвистика и литература, при МНД-Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »