На платото на Офицерски дом во Битола денес се одржа првата манфестација со име “Креативна млада Битола“ во организација на Културно информативниот центар Битола. На младите битолчани ја покажаа моќта на креативноста, им се обрати, ги поздрави и им посака успешно претставување Лили Бошевски, директор на КИЦ Битола.
На првото издание на манифестацијата “Креативна млада Битола“ учествуваа голем број на ученици и наставници од основните и средни училишта од Битола, кои се радуваа, цртаа, рецитираа, глумеа, пееа, изработуваа дела во глина, се дружеа.
На учесниците на “Креативна млада Битола“, за кој организаторите велат дека ќе биде иден фестивал на креативноста на младите битолчани, битолската компанија “Цермат“ им приреди слатко изненадување со сладолед од брендот “Метрополи“.
Овој настан е дел од меморандумот за соработка која КИЦ Битола и претставниците на основните и средни битолски училишта ја потпишаа речиси пред два месеца, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.

“Креативна млада Битола“ се одржа за прв пат во Битола (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- ВЕРО Маркети со летна наградна игра и вредносен ваучер од 500.000 денари „Ова лето купувај, цела година уживај“
- Во болница “Плодност“ се роди Максим, 300-тото, јубилејно, бебе во 2025 година
- Гуми “Continental EcoContact 7“ во “Мотоцентар“ бидејќи секое патување заслужува рамнотежа
- Кога појадокот станува добра деловна навика – добредојдовте во AURUM
- Хотел “Епинал“: Наздрави за свежината!