Press "Enter" to skip to content

“Креативна млада Битола“ се одржа за прв пат во Битола (фото)

На платото на Офицерски дом во Битола денес се одржа првата манфестација со име “Креативна млада Битола“ во организација на Културно информативниот центар Битола. На младите битолчани ја покажаа моќта на креативноста, им се обрати, ги поздрави и им посака успешно претставување Лили Бошевски, директор на КИЦ Битола.На првото издание на манифестацијата “Креативна млада Битола“ учествуваа голем број на ученици и наставници од основните и средни училишта од Битола, кои се радуваа, цртаа, рецитираа, глумеа, пееа, изработуваа дела во глина, се дружеа.На учесниците на “Креативна млада Битола“, за кој организаторите велат дека ќе биде иден фестивал на креативноста на младите битолчани, битолската компанија “Цермат“ им приреди слатко изненадување со сладолед од брендот “Метрополи“.Овој настан е дел од меморандумот за соработка која КИЦ Битола и претставниците на основните и средни битолски училишта ја потпишаа речиси пред два месеца, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола.