Културно информативниот центар од Битола, денес ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст ) за фестивалот “Ех, таа серенада“ 2023, во Битола, кој ќе се одржи на 24 август на платото на Офицерски дом во Битола.
Комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 17 од пристигнатите 73 композиции, а соопштуваат дека на конкурсот се пријавиле еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.Во списокот на автори на музика се јавуваат Петар Ѓеорѓиев Калица, Раде Стаматов, Љупчо Трајковски – Фис, Давор Неќак, Григор Копров, Михаил Марковски, Кирил Стојчевски, Николче Мицевски…
Текстописци на одбраните серенади се Олга Наумовска, Петар Ѓеорѓиев Калица, Огнен Неделковски, Валентин Соклевски, Боби Поповски, Сашко Савевски…
Комисијата во понатамошна постапка организаторот ќе направи избор на изведувачи и на аранжери за избраните композиции.