Press "Enter" to skip to content

Одбележани 22 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)

-Денес во Битола со полагање цвеќе на споменикот во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник, беше оддадена почит на загинатите Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски во 2001 година кај Вејце. 

Денеска се навршуваат 22 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.Во знак и почит кон загинатите бранители од Битола, беше положено цвеќе на споменикот во чест на бранителите во дворот на СВР Битола, како и на споменикот “Ангел“ во паркот кај градскиот часовник.На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата, цвеќе положија началникот на СВР Битола – Бенито Јошевски и најблиските соработници, претставници на СВР Битола, колегите од специјалната единица, роднини на загинатите бранители, градоначалникот на Битоа – Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица од Битола, Пеце Милевски, Драган Крајовски  и Горан Велевски со свои делегации, претставници на полициските синдикати и други.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски по положувањето на цвеќето рече:-22 години од маченичката смрт на четворицата бранители на Македонија, нивната погибија во Вејце. Сочувство до семејствата, до Министерството за внатрешни работи и сите нивни пријатели и роднини кои сочувствуваат со овој момент. Тука сме да го сочуваме поменот на овие наши македонски херои, да одадеме почит и да кажеме дека она што останало во историјата не треба да го заборавиме. Со споменот нивни, заедно, во Битола, да продолжиме да го градиме ова општество во кое треба да продолжиме да живееме. Вечна им слава и помен на хероите!“Сашо Гилевски, припадни на специјалната единица во 2001 година кој прв пристигна на местото каде беа убиени, рече:-Овие битолчани загинаа за да го заштитат суверенитетот и интегритетот на Македонија. Ние бевме подготвени да загинеме за татковината. За среќа наша останавме живи, меѓутоа нас бранителите не “закопуваат“ секој ден. Нашите деца, нашите сопруги, нашите семејства што останавме живи за жал сè уште патат во оваа држава и сè уште се без работа, талкаат по улици. Историјата е огледало за иднината. Тие коишто не ја ценат 2001 година, затоа ова ни се случува ова и во институциите и во државата.

More from ВестиMore posts in Вести »