Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолски дилери приведени во Ресен, ноќеска казнети 20 пијани возачи, 111 возеле побрзо од дозволеното

Во Ресен на ул. „Јосиф Јосифовски“ полициски службеници од СВР Битола, ОВР Ресен лишиле од слобода две лица на возраст од 30 и 36 години, двајцата од Битола. Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило “опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од битолчанецот, сопатникот од Битола се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле пронајдени две кесички со бела и кафеава материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава. 

Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи.Од нив 12 на територија на Прилеп, 6 во Битола, по 1 во Демир Хисар и Македонски Брод.За време на контролата биле санкционирани и 19 други видови прекршоци.

Вчера (28.04.2023) во периодот од 16.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 111 возачи. Од нив, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »