Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 се засилува за наредната сезона, ново име Петар Марковски од Струга

Eкипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола  го претстави своето прво засилување за следната сезона, по договорениот трансфер на младиот Петар Маркоски, кој ќе ги засили младите “зелено-бели“. 

За младиот кружен напаѓач управата на  битолчани беше заинтересирана и го следеше неговите одлични игри оваа сезона, а Маркоски се реши за нов предизвик во кариерата и со Еурофарм Пелистер 2 потпиша договор до 2026 година.

-Стружанецот Маркоски во својата досегашна кариера настапуваше за Струга, а од јули ќе стане ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Пивотот потпиша договор со клубот до 2026 година, велат од битолскиот клуб.

More from ВестиMore posts in Вести »