Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски -тренер на КК Пелистер пред стартот на плеј-офот: кошаркарите нема да се штедат, а очекуваме поддршка од трибините

Утре во Битола кошаркарите на Пелистер го започнуваат разигрувањето, а за прв противник ќе ја имаат екипата на Феникс 2010 во четвртфиналето на Првата македонска кошаркарска лига.

Екипата на Пелистер од Битола важи за фаворит во првите разигрувања, а во пресрет на првиот натпревар в недела, своите очекувања ги изнесе тренерот Марјан Илиевски, кој рече:

-Многупати сме разговарале со колегите и играчите дека системот на игра во кошарката е различен пример од фудбалот или ракометот. За жал завршницата на регуларниот дел од сезоната не игра улога, па сега почнуваме одново. Најголем фактот е играњето на две лига натпреварувања, каде ние имавме меѓународно натпреварување, по кое играчите се речиси истрошени и уморни, бидејќи ротацијата која ја имаме, а за жал таа која што е. Во здравствениот биланс повторно се случува, како и минатата година да не ни биде во прилог. Она што можам да кажам е дека сум задоволен сум со пристапот на кошаркарите во целиот регуларен дел, а тоа мора да се пофали и да се награди, со збор ака не со нешто друго. Иако на стартот, најавата пред сезоната беше поинаква , дека тимот кој е составен во последен момент, дека сето тоа ќе резултира со покажаното на паркетот, дека нема тимот да биде како во претходната година. Можам да ги пофалам овие момци дека искучително и професионално го завршивме регуларниот дел од сез0ната, а многу ми е драго што и човечкиот фактор кај ние е на високо ниво и затоа овој резултат кој е до сега е благодарение на таа хемија која што сто сме ја создале ние на паркетот. Можам да кажам дека нашата работа е присутна во јавноста бидејќи, а и самите ние колку да говориме ние сме сведоци на многу напревари и начин на кој дел од тие натпревари сме ги загубиле. 

Она што нас би ни значело, и е еден критериум кон нас ќе биде шестиот играч, а тоа е поддршката од битолската публика и навивачката група “Чкембари“. Јас би апелирал до „Чкембарите“ да дојдат бидејќи ни се потребни во фаза, во која секој натпревар е посебна приказна, да го повториме резултатот од минатите сезони, и дај Боже да направиме и нешто повеќе од последната сезона. Она по што бевме препозматливи е тоа што сме екипа која практично играа до последна минута. Иако на некои натпревари бевме во негатива, знаевме да се вратиме назад, а во продолженението со помош на публиката сето тоа би изгледало уште помотивирано. За крај би рекол дека овие играчи сигурно нема да се штедат.

Првата средба во салата “Боро Чурлевски“ се игра утре, во терминот од 18:30 часот, а додека вториот дуел е на 3 мај. 

More from ВестиMore posts in Вести »