Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Ултрасонографски дијагностички разлики помеѓу хемангиом и метастази на црниот дроб

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за тироидната жлезда или тиреотоксикозата, за што вели:-Диференцијално дијагностички разлики помеѓу бенигните тумори Хемангиоми кои се формираат од крвни садови најчесто во црниот дроб поретко во слезинката, бубрезите, м. ќесе се почести кај женски пол, при хронична  гликокортикостероиди терапија, за време на бременост  кои ултрасонографски (ехографски) се прикажуваат како единечни или мултипли хиперехогени формации со јасни граници без хало ретко изоехогени најчесто со овална форма.

За разлика од метастазите на црниот дроб кои најчесто се развиваат по хематоген пат преку v. portae и a. hepatica од примарни тумори на дебелото црево, бели дробови, дојки и ултрасонографски се визуелизира како хипоехогено структури ретко хиперехогени со неправилна форма нејасни маргини и присутна  хало-српеста хипоехогеност  во периферија најчесто мултипли кои можи да конфлуираат често присутност на клиничка презентација на надуеност  асцитес, иктерус.