Press "Enter" to skip to content

По 15 години пионерската екипа Еурофарм Пелистер во “Final 4“ (фотогалерија)

Еурофартм Пелистер – Мулти Есенс 20:18 (11:6)

Денес во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ пионерите на Еурофарм Пелистер издвојуваа значајна победа во четвртфиналниот дуел против одличната екипа на Мултиесенс. Победата на пионерите е извојувана со борбена игра и оставеоно “срце на терен“ во многу неизвесен натпревар и се пласираа на “Final4“ во македонската пионерска лига. Избраниците на Михајло Петровски тргнаа фуриозно и со одлична одбрана и брз напад заминаана полувреме со 5 голови разлика (11:6). Во вториот дел екипата на Мултиесенс со неколку брзи голови, успеа да се врати во игра, меѓутоа младите пелистерци на крајот изиграа хрaбро и пожртвувано и со 2 голови по ред издвојуваа битнаа победа и после 15 годишен пост се пласираа на “фајнл форот“ кој ќе се игра наредниот викенд.За екипата на Еурофарм Пелистер настапија: А.Трсунов, Ѓоргиевски 5, Трсунов 4, Бошковски 4, Лазаревски 4, Ѓоргиев 2, Мијалчев 1, Мацановски, Тасевски, Здравковски, Реџаил, Спировски, Марковски, Симоновски.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »