Ученици од неколку паралелки од 8 и 9-то одделение од ОУ “Елпида Караманди“ од Битола денешниот ден го поминаа активно на Неолица, како своевидно училиште во природа. Повод беше празнувањето на патрониот празник на училиштето, а се одржа и марш, историски час и посета на местото на загинување на Елпида, каде е спомен плочата и полагање цвеќе.Десетиците основци, предводени од своите наставници од различни предмети саботниот ден, иако слободен од настава, го проведоа со бројни активности и дружење кое заменува неколку “работни“ училишни денови, а од училиштето додаваат дека на децата им требаат што повеќе вакви настани во природа, каде ќе поминуваат повеќе време и ќе имаат непосредно дружење.
Секоја пофалба за комплетниот состав, и наставници и ученици чија насмевка и ведрина на нивните лица “зборуваа“ повеќе од било каква изјава. Да веруваме дека овој убав пример за другарување со и во природата ќе го следат и други училишта од Битола и останатите градови на Македонија.

Училиште во природа на Неолица (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)