По три години без бокс во Битола во мај 2013 година во организација на Боксерската федерација на Македонија и во техничка организација на БК Бранител од Битола повторно се организира боксерска републичка манифестација, а тоа беше 2. коло од македонскиот шампионат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во Битола настапија 11 клубови со околу 40 боксери во кадетска, јуниорска и
сениорска конкуренција. Од Битола на првенството учествуваа боксери од два клуба Бранител и Пелбит. Во последната уводна борба Османовски од Бранител го победи поискусниот Гарипи од Шкендија.Шлагер на мечот беше дуелот во категорија до 69 кг меѓу Јовановски од Охрид и Србиновски од Бранител. На поени победи Србиновски откако во поголемот дел на мечот беше супериорен.
Денис Муаремовски од Бранител, иако остави силен впечаток, сепак, загуби од далеку поискусниот Хајредини. Пораз доживеа и Љупчо Христов од Пелбит од Алексов од Баргала. Алекдандар Најдовски од Пелбит без борба го доби мечот откако Каба не се појави на рингот.
Главно на рингот во Битола беа прикажани добри борби, а по лошиот период во 2013 година боксот Битола како да почна да заздравува, но сепак не се врати на старите патеки, на старата слава, а така е и ден-денес.
Мечевите во салата “Младост ги проследија околу 1.000 гледачи, а од Битола судија беше Цане Георгиевски, АИБА судија.

Деновиве пред 10 години: по три години без бокс во Битола, два клуба на државно, Бранител и Пелбит (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Високостручна конзервација на фрескоживописот од 12 век, на оригиналните фрески, меѓу кои е и фреската на познатиот “Ангел од Курбиново“ – Белиот Ангел (фото)
- Деновиве пред 10 години: мото-тура и моторџиско дефиле низ Битола (фотогалерија)
- Генерацијата 2004/05 поздравена од Битола пред шампионската промоција на годинашниот шампион (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: два дена Битола беше миросана и се претвори во голема црква (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: и со отворен ден одбележан денот на основањето на УКЛО (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“