Press "Enter" to skip to content

Нова победа на кадетите на Еурофарм Пелистер за заверка на пласманот во “Ф4“ (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Преспа 28:16 (16:7)

Убедлива победа на кадетите на Еурофарм Пелистер ( родени 2006 и помлади) во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ за заверка на пласманот за разигрување за “Ф4“ турнир за шампион на Македонија.Екипата на Еурофарм Пелистер, под водство на тренерот Фарук Мемиќ во текот на целиот натпревар имаше предност и не дозволија ни најмало изненадување во Битола, на своите врсници од Ресен.                                                       На денешниот натпревар за нашите кадети настапија: Ковачески, Решњак, Наумовски, Трајчевски 1, Лозановски 3, Велески, Пецаковски 7, Марковски 3, Вирловски 2, Соколески, Босилковски, Буторац 5, Ѓорѓиевски 5, Бирков, Лажоски 1 и Блажевски 1.И вториот претставник на Еурофарм Пелисер во денешното редовно коло од кадетскиот шампионат на Македонија во фазата по групи забележа висока победа под водство на Александар Зарков, над екипата на Младост Јуниори со резултат 31:15.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »