Press "Enter" to skip to content

Стајиќ, Хаџифејзовиќ, Карпентер и Карутес со свој коментар за престојниот плеј-оф (фото)

Кошаркарите на Пелистер од Битола, утре во салата “Боро Чурлевски“ ќе го стартуваат разигрувањето за титулата во шампионатот на Македонија против Феникс 2010.  

Плејмејкерот на минатогодишниот вицешампион, Бобан Стајиќ со голем оптимизам ја најави серијата со Феникс 2010. -Во минатиот период имавме големи проблеми со повредите, но сега сме во малку подобра ситуација. Ја прифаќаме фаворитската улога и мораме да го докажеме тоа на паркетот. Имаме поволна позиција со играњето на домашен терен, се подготвуваме подолго време за натпреварите против Феникс 2010. Тие се млада екипа која е надополнета со неколку искусни играчи. Играат брза кошарка и мораме да го запреме нивниот налет уште на почетокот. Мора да имаме сериозен пристап затоа што веќе загубивме од нив во Купот на Македонија, а тоа не би сакале сега да се повтори. Сакаме серијата да ја завршиме во два натпревари и да почнеме да се подготвуваме за понатамошните предизвици“, изјави Стајиќ. Кошаркарот се осврна и на сите проблеми со кои се соочувал тимот во текот на оваа сезона и вели дека сите во клубот оделе по еден долг и трнлив пат годинава, но сепак успеале да остварат одличен пласман на табелата. Сите играчи и стручниот штаб се максимално подготвени за дуелот со Феникс 2010. Имавме навистина тешка сезона, имавме проблеми и од организационен аспект, но јас верувам дека со поддршката од нашата верна публика ќе успееме да се пласираме во полуфиналето. Ја користам оваа прилика да ја поканам и навивачката група „Чкембари“ и би сакал да нè бодрат во текот на целиот плеј-оф, а јас се надевам дека ќе стигнеме до големото финале во кое за жал загубивме лани. Битолската публика приреди извонредна атмосфера на минатогодишното финале, а се надевам дека и сезонава ќе биде исто така.

Сеад Хаџифејзовиќ за престојните натпревари од разигрувањето вели:-Според пласманот на табелата и домашниот терен сме фаворити на овој натпревар, а со тоа и ги потврдивме амбициите на управата и тренерот, и секако да се пласираме на Ф8“ на АБА2 лигата. Денес ја играме првата средба и секако дека имаме некои проблеми со повреди но не треба да бегаме од улогата на фаворити и да одиграме најдобро што можеме, а на овие натпревари немаме право на грешка. Најбитно е да тргнеме со победа. Феникс е незгоден противник што и го докажаа во полуфиналето од Купот кога сензационално не победија. Максимално сме подготвени и ништо не менуваме, а мораме да играме со максимален фокус. Ја повикувам публиката која го сака овој клуб, ја сака кошарката да ни даде поддршка во што поголем број, бидејќи со нив играме доста полесно.

Карпентер верува во успех и вели:-Најпрво да им се извинам на нашите фанови за пропуштените натпревари во АБА лигата од сите нас, играчите и управата н Пелистер. Сите знаеме дека многу напорно трениравме и тренираме за плеј оффот. Многу добра екипа сме со одличен тренер. Затоа им ветуваме на битолчани успеси во плеј-фот понатаму. Би сакал сите оние кои го сакаат Пелистер да им порачам да не поддржат во понатамошните натпревари, ние ќе дадеме се од себе за да играме добро и не ги разочараме.

Со слично размислување е и Карутес:-Поздрав до сите во Битола. Сметам дека сме одличне тим со одличен тренер. Напорно тренираме, за да бидеме во топ форма за новата сезона. Ја очекуваме со радост и ветуваме на Битолчани многу добри натпревари.  За жал заради технички проблеми не отидовме на натпревари во АБА лига. Но, ветуваме добра игра и многу успеси понатаму.

More from ВестиMore posts in Вести »