Press "Enter" to skip to content

Пелистер победи во првото четвртфинале, поведе со 1:0 против Феникс 2010

Пелистер – Феникс 90:86

Кошаркарите на Пелистер во Битола, во салата “Боро Чурлевски“ во рамките на плеј-офот, во првата средба од можните три,  го совладаа Феникс 2010 со 90:86. Гостите се потрудија да го изненат фаворитот, но кошаркарите на крајот победија и сега имаат 1:0. Иако се надеваа битолчани дека ќе ги имаат во тимот Маслинко и Сапунџиев, сепак не беа доволно опоравени да играат на стартот на плеј-офот.

Средбата тргна изедначено, а “пелистерци“  први поведоа и добро играа, но сепак првата четвртина заврши со минимално водство на Феникс (23:24). Избраниците на Марјан Илиевски се разбудија и со добра серија од 8:0 влегоа во втората четвртина, а на пауза се замина со 49:42, +7, се Пелистер. По одморот Пелистер поведе двоцифрено, 65:52, но гостинската екипа пак се врати резултатски, а третата четвртина заврши 16:18 за Феникс, а во последната се влезе со резултат 65:60. Во последните 10 минути Феникс обиде да дојде до позитивен резултат. Сепак, во пенал завршница битолчани издржаа и дојдоа до прва победа во серијата. 

Кај Пелистер најефикасен Бобан Стајиќ со 22 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »