Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер – Вардар, дерби за титула, во Битола, во сабота, во 19 часот

Ракометната федерација на Македонија, го одреди терминот во кој Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе го одиграат дерби натпреварот во Суперлигата, во Битола.

Дербито кое веројатно ќе ја реши шампионската трка ќе се одигра во сабота, во Битола, со почеток во 19 часот.

По 11 одиграни натпревари во Суперлигата Вардар и Пелистер се израмнети на табелата со по 33 бода.

Првиот натпревар, кој беше обележан со неколку инциденти, им припадна на црвено-црните со 31:24.

По неочекуваниот пораз на Вардар од Алкалоид, Пелистер доби шанса со било каква победа да ја преземе челната позиција, а за да остане на врвот на Вардар му е доволен и нерешен резултат.

More from ВестиMore posts in Вести »