Press "Enter" to skip to content

Кристиан Стојани втор на уличната трка “Еckernförder MTV“ на 10 километри во Германија

На вчерашното 33. издание на уличната трка “Еckernförder MTV“ во Германија, членот на АК Олимп, Кристиан Стојани од Битола, освои 2. место и соборувајќи го личниот рекорд на 10 километри.

На перфектна патека сертифицирана од Германска атлетска асоцијација, тој беше втор од вкупно 200 натпреварувачи со нов личен рекорд од 32:48.-Секој кој што се занимава со атлетика барем во нашите простори знае колку многу значи рушењето на границата од 33 минути. Земајќи го во предвид фактот дека пролаз на 5 км имав 16:10 не се ни сомневам во совладување на уште една атлетска бариера 5 км под 16минути, ни изјави Стојани.

За кратко го очекуваме на наш терен, во Македонија да ја покаже својата атлетска форма на трките на кои ја започна својата кариера.

More from ВестиMore posts in Вести »