Press "Enter" to skip to content

Никола Силаџи, кошаркар на Пелистер: првиот дуел со Феникс најава за тежок плеј-оф

Кошаркарите на Пелистер од Битола со побеа го стартуваа кошаркарскиот плеј-оф и борбата за титула, а во првиот натпревар од двата или три натпревари, на “два добиени“ го совладаа Феникс 2010. “Пелистерци“ не дозволија “брејк“ во Битола и за пласман во полуфиналето им траба уште една победа, која ќе се обидат да ја извојуваат утре.

По натпреварот и победара  своето мислење за случувањата на паркетот го изнесе Никола Силаџи, кој вели:

-Тесен и добар натпревар. За нас ова е важна победа на отворањето на плеј-офот пред вториот натпревар за неколку дена. Покажаа дека ќе играат цврсто и дека овој плеј-оф ќе биде тежок и агресивен.  Ни недостигаат Маслинко и Сапунџиев кои за нас се важни играчи. Се надеваме дека барем некој ќе се врати во ротацијата за продолжението на плеј-офот.

Вториот натпревар во серијата се игра во Скопје на 3 мај во 19:00 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »