Press "Enter" to skip to content

Пеце Илиевски од Битола победник во категоријата Ф1А-едрилици, со максимум бодови, во воздухопловно спортско моделарство (фото)

На спортскиот аеродром “Мало Коњари“ кај Прилеп се одржа првиот лига натпревар од календарот натпревaри за 2023 година. Натпреварот е во категоријата слободнолетечки модели, Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц И Ф1Х-јуниори. Настанот во име на Воздухопловната федерација на Македонија го организираше ВСК „Фил Феникс“, од Прилеп. Зедоа учество натпреварувачи во сениорска и јуниорска конкуренција од Охрид, Битола, Скопје и домаќинот Прилеп, а имеше и еден учесник од Русија, кој живее во Црна Гора. Натпреварот се одвиваше во 5 старта, по спортскот правилник на ФАИ.

Во категоријата Ф1А-едрилици, првото место, со максимален број бодови, го освои Петар Илиевски од Аеро клуб “Мирко Тодоровски“ од Битола, второто место Станислав Најдоски и на трето место се пласира ветеранот Димче Велкоски и двајцата од клубот “Фил Феникс“ од Прилеп.Во категоријата Ф1Б-модели со погон на гумен мотор, првото место го освои Климент Масин од аеро клуб Охрид, второто место му припадна на Сергеј Зубаков, како претставник на Црна Гора и третото место за Александар Цветановски од Аеро клуб Охрид.

Во категоријата Ф1Ц-модели со мотор на гориво, Првото место му припадна на Митко Цветановски од Аеро клуб Охрид, а второто место на Коста Стојановски од Аеро клуб Скопје.

Во категоријата Ф1Х – јуниори, првото место му припадна на Дино Најдоски од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп, второто место на Сара Цалева од Аеро клуб Скопје и третото место за Михаил Пожарски од клубот „Фил Феникс“ од Прилеп

-Добар почеток на сезоната 2023, натпреварот се одвиваше во одлична атмосфера во идеални временски услови, ни рече Пеце Илиевски по победата во Воздухопловно спортско моделарство во категорија Ф1А-едрилици.

 

More from ВестиMore posts in Вести »