Press "Enter" to skip to content

Реми на младинците на Топ Гол во Гостивар

Гостивар – Топ Гол 1:1 (1:0)

Во рамките на 14 коло од младинската лига екипата на Топ гол во Битола се вратија непоразена од гостувањето во Гостивар. Во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште на АМС во Гостивар, битолските младинци одиграа нерешено со врсниците да ГФК Гостивар со конечен резултат од 1:1, полувреме (1;0).

-Одигравме добар натпревар, упорноста и дисциплината во игра ни донесе бод од гостувањето. Имавме шанса да постигнеме гол за победа но задоволни сме што се вративме од негатива и останавме непоразени, ни изјави тренерот на Младинска машка екипа на Топ гол, Никола Трајчевски.

Следното коло 15 коло Топ гол ја пречекува екипата на Њу Старс од Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »