Делегација од Универзитетот во Бамберг, Германија предводена од проф. д-р Себастијан Кемпген, почесен професор на УКЛО од Битола, денес оствари средба во Ректоратот на Универзитетот.Еминентниот славист, професорот Кемпген разговараше со домаќините, ректорот Игор Неделковски и проректорот за наука, Горан Илиќ.
Меѓу другото стана збор за нов проектот на УКЛО со Ото – Фридрих Универзитетот во Бамберг, за дигитализација на културното наследство: натписите на надгробната плоча на Свети Климент во црквата Св. Перивлепта во Охрид и на Битолската плоча, еден од најпознатите ранословенски натписи изложен во Музејот во Битола.
Сличен проект УКЛО со Ото – Фридрих Универзитетот реализираше во 2015 г. кога се овозможи верификација на познати натписи на на Св. Наум во истоимениот манастир.
За време на пријатната средба, почесниот професор на УКЛО Себастијан Кемпген, беше придружуван од неговите колеги, Рут Теншерт и Леандер Палас од Институт за археолошки науки, заштита на споменици и историја на уметност -отсек реставрација.
Инаку УКЛО со Ото – Фридрих Универзитетот во Бамберг има плодна долгогодишна соработка која се остварува во повеќе академски домени.

Почесниот професор на УКЛО – Битола, Кемпген, на средба во Ректоратот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија): Ротари заедницата со посветеност и визија 118 години го подобрува светот
- Во Битола променливо облачно, од пладневните часови можност за нестабилност
- Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“ најдобри во училишниот спорт во Битола (фотогалерија)
- Соработка на ЈКП “Водовод“ од Битола и “D.E.Y.A.F“ од Грција
- ЈП “Паркинзи“ Битола: вовчето “Мечо“ од утре промотивно ќе вози низ Градскиот парк