Press "Enter" to skip to content

Премиера на македонскиот филм “Преекспонирано“ вечер во Битола

Вечерва, во НУ Центар за култура во Битола, македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова,во 20 часот премиерно ќе биде прикажан во Битола.

На битолската премиера ќе присуствува и дел од филмската екипа.

Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ.

Сценариото е на Елеонора Венинова, монтажер – Гоце Кралевски, а костимите се на Жаклина Крстевска. Монтажер за звук: Дарко Спасовски, продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.

Останати проекции во 3Д Кино Битола се во четврток 04.05.2023. 19:00 и петок 05.05.2023. 19:00