Press "Enter" to skip to content

Свечени академии, ликовна изложба, перформанс, промоција, работилница… неделава во Офицерски и кино “Манаки“

Оваа седмица КИЦ Битола изветустува дека во Офицерски Дом во Битола и кино “Манаки“ ќе има богата културна програма.

Денес, среда, 3 мај,  во Офицерски дом во 18 часот свечена академија ќе одржи ОУ “Гоце Делчев“, а во истиот термин во кино “Манаки“ СОУ “Таки Даскало“ по повод нивните патрони празници. 

Утре, четврток, 4 мај, во Офицерски дом во Кристалната сала ликовна изложба ќе има   Тони Соколов, познат под уметничкото име Солза, кој е роден во Битола. Неговите уметнички способности и хоризонти го одвеле во Австралија . Како сестран уметник во различни дејности се занимава со цртање, сликање, вајарство, монументално вајарство во бронза, мозаици, па се до архитектура.

Утре во Свечената сала во Офицерски дом ќе се одржи перфрмансот “Баница 1903 – стратегот на Македонскиот универзум“ од авторот Зоран Пејковски и ќе се одбележат 100 години од документарниот филм на Арсени Јовков.

Петок, 5 мај, во Офицерски дом ќе биде претставено творештвото на Раде Силјан, како и работилница за зајакнување на независната музичка сцена е мини проект на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa. Работилницата за музички „букинг“ со музичарот Сашо Поповски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »