Press "Enter" to skip to content

Ќе се реконструираат 10 улици во должина од над 2 километри во “Недопирливи“

Започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“, а со проектот предвидено е реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и нов коловоз во должина над 2 километри.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и стручните екипи од општинската администрација, заедно со директорот на КЈП „Никоградба“, Зоран Талевски, извршија увид на активностите кои започнаа со реконструкција на мешовитата канализација од улица „Студентска“, профил 1.

Градоначалникот Коњановски, информираше дека, наскоро се очекува да започне и реконструкцијата на водоводната мрежа во овој дел, за да може реализацијата на проектот да се одвива со предвидената динамика и обезбедените средства од општинскиот буџет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во износ од 37.000.000 денари. По завршувањето на овие фази, продолжува реконструкцијата на коловозот, за што од Светска банка обезбедени се 28.725.287 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »