Press "Enter" to skip to content

Ален Рустемовски загуби на поени на Светско сениорско првенство во бокс во Узбекистан

Ален Рустемовски, член на БК Пелистер од Битола и Аријан Исени се боксерите кои ја претставува Македонија на Светското сениорско првенство во бокс, кое се одржува во Ташкент, Узбекистан.

Ален Рустемовски настапи во категорија до 57 килограми, и забележа пораз од Индиецот Мухамад Хусамадин, 29-годишен искусен боксер. -Ален е младо и талентирано момче кое ветува многу за македонскиот бокс. Ова за него е вистински тест во вистинско време. Борбата си течеше сама по себе искуството си го напрај своето, загуби на поени.  Како негов тренер, многу сум задоволен од прикажаниот бокс на Ален. За првпат сме на вакво големо натпреварување и тоа во земјите каде боксот е најсилен и најмасовен, а за противник имавме боксер од азискиот континент. Ова е големо искуство за нас, вели  Јове Петровски – Оцо, кој ги предводеше нашите репрезентативци, и е клупски тренер на Ален.

Пред поаѓањето Ален Рустемовски и неговиот тренер Јове Петровски – Оцо своите очекувања од настапот ги кажаа во Агенцијата за спорт и млади каде имаат средба со директорот Наумче Мојсовски.

More from ВестиMore posts in Вести »