Press "Enter" to skip to content

Пелеистер ќе игра “мајсторка“ во Битола за пласман во полуфинале во плеј-офот

Феникс – Пелистер 83:81

Екипата на Пелистер од Битола е поразена од Феникс, и ќе мора да играат “мајсторка“ против екипата на Феникс по поразот во Скопје во вториот натпревар од четврт финалето од плеј-офот. 

Првото полувреме Феникс 2010 го доби со 43:40, го одбележија одличниот процент на реализација за три поени, погодија дури осум тројки. Домаќините го одржуваа водство и во продолжението на играта. На средината од третиот период Феикс имаше 59:55, а потоа и 61:55. “Пелистерци“ се вратија, и поведоа 68:65, а потоа 67:68. На нешто помалку од четири минути до крајот, Феникс поведе со 80:74. 83:81 и полни 24 секунди за последен напад имаа “пелистерци“, но прво не погоди (за три) Стајиќ, а некоја секунда потоа, одбиената топка во троја не ја претвори ниту Карпентер. 

More from ВестиMore posts in Вести »