Press "Enter" to skip to content

Претрес во Битола, одземено оружје, после закана со оружје кон висок функционер

Денеска, 4 мај 2023 година, во Полициската станица Битола бил извршен службен разговор со две лица на возраст од 42 и 41 години двајцата од Битола. Првоовинетиот се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на второто лице.

Во полициска станица од второто лице биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќре бидат поднесени соодветни пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »