Press "Enter" to skip to content

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во рамките на “Ова е Македонија за сите“ (фотогалерија)

Вечерва во Битола, в0 ресторанот “Вавилон“ се одржа трибина во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите”, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а трибината беше на тема „Надворешна политика”.На трибината присутвуваше претседатело на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со соработниците, секретарот на партијата Ѓорѓи Сајковски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски, на УМС – Мартин Ивановски, на УЖ – Ангелка Поповска, советниците од позицијата во Советот, директори на јавните претрпијатија, членови и симпатизери на партијата…На трибината свое воведно обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски кој што истакна дека задоволство е да се биде домаќина на трибината во Битола како град на конзулите, дипломатијата и град на културата.-Чест и задоволство е да се биде домаќин и од овде да тргне караванот на 12 те трибини во вториот дел на акцијата „Ова е Македонија за сите”. Битола не е случајно одбрана, Битола како град на конзулите, како град на дипломатијата, град на културата. Го предводам тимот 15, посетивме 8 населени места впечатокот од сите места е уникатен, тежок живот, посетивме рурални средини, луѓето зборуваат за земјоделието, за енергетиката, за немаштијата, за тешката економска состојба со која се соочуваат но и за отфрленоста од државата. Луѓето се чувствуваат запоставени од државата тешко се живее, ако на сето тоа се надополнат и сите оние афери и криминалот разнебитувањето на државата по сите основи, буквално се е руинирано, рече Коњановски.Говорници панел дискусија беа  Антонио Милошоски, Тимчо Муцунски, Тодор Конески и Марија Митева, а додека завршен говор имаше Претседател на ВМРО ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, кој рече:-Секој еден кој го слуша овој збор во себе чувствува грутка во срцето, му тежи камен на плеќите кога гледа како работите кои му се важни, неговите соништа за иднината му се оддалечуваат поради тешкото бреме. Луѓе кои имаат потреба за сигурност и стабилност која ја немаат, лутината поради кој мотивираните да успеат стануваат неуспешни, не затоа што тие не се квалитетни туку затоа што системот ги направил таков. Луѓе чии семејствата се раслојуваат, си заминуваат во потрага по се она што тука не може повеќе да го најдат, сигурност, среќа, иднина.Македонија на секој еден човек, моја, ваша, единствена. И дека за Македонија и сите нејзини луѓе ќе ја промениме оваа власт, и дека ќе победиме. И таа победа ќе биде за секој еден човек кој го потурнуваат настрана, кој го обесправуваат. Таа победа ќе значи испорачување на порака од народот до кастата на власт составена од еден главен изведувач, а тоа е Демократската Унија за Интеграција, и подизведувачот, помалиот коалиционен партнер, а тоа е СДСМ и неколку негови чираци.И да, ќе има одговорност за секој криминал, за секоја неправда, за секоја солза на македонската мајка, нејзино чедо и работник на чиј грб тие печалат пари. Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите. Не само победа над нив, туку и одговорност! Мора да има одговорност!Четврти мај е денот кога завршува животот на еден од најголемите македонски синови Гоце Делчев. Човек кој целиот свој живот го посветил за слободна Македонија. Чиј култ поради неговото дело и херојски подвик останало да биде славено повеќе од еден век потоа. Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и име“, велеше Делчев. На денешен ден неговиот живот запира, но неговото дело на борба, жртва и кауза продолжува и денес. Затоа што слободата не се добива еднаш за секогаш, таа се брани, таа се потврдува, таа се живее, преживува, и за нејзе вреди секоја жртва и труд. И затоа Гоце е голем, и затоа сите го посакуваат. Зошто неговата борба беше чиста и светла.Треба да знаат дека попуштање нема да има ниту милиметар од страна на ВМРО-ДПМНЕ и дека уставните измени нема да им поминат нема да има уставни измени под бугарски диктат и во овој состав на Парламентот. Ќе конструираат судски пресуди и судски случаи против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и против ВМРО-ДПМНЕ затоа што знаат дека тоа е бедемот.Затоа што знаат дека тоа е браникот на македонскиот национален интерес јас можам од овде од Битола да им порачам тој е толку цврст што ќе ве надживее вас ќе ве порази а после поразот ќе има одговорност и ќе ве пратиме наместо во Париз амбасадори во Идризово. Таму ве чекаат. Затоа се притисоците, бидејќи од власта земале обврски во име на народот кој не можат да ги испорачаат. Ние драги пријатели браќа и сестри како ВМРО-ДПМНЕ се опкружуваме со народот, а тој јасно кажува што сака. Тие во удобните фотелји, и персиските килими, зад ѕидините на канцелариите скриени од народот, ние меѓу народот. Меѓу господарот на оваа наша напатена Македонија.ВМРО-ДПМНЕ не е против градење, но е против крадење, а разликата е огромна. Она што го кажуваа за епски проект се претвора во епски криминал. Аванси и пенали од стотици милиони евра а шајка не е закована, лопата не е вдената. Кажуваат дека џебовите на власта се полнат од овие пенали и аванси кои што се исплаќаат. додека џебовите на граѓаните се празнат. Не сакам да генерализирам, но суровата реалност наметнува прашања со повеќе од стотици милиони евра за аванси и пенали од Ковачевски и Груби за приватниот изведувач колку само трикафти за болните од цистична фиброза ќе се набавеа, колку само клинички центри ќе се изградеа, колку само градинки и училишта ќе се направеа, колку човечки живото ќе се спасеа.Овие денови 200 луѓе од партијата посетуваат над 700 села. Луѓето срдечно не примаат, очекуваат и добиваат надеж дека може поинаку и подобро. И нормално имаат прашања и дилеми. Мора да има промени за да работите се менуваат од корен. За да се зацврснат разнишаните темели. Крајот на злоупотребите на власта ќе значи нов почеток за сите граѓани. Решението за крајот на поразите е во новата влада која ќе му припаѓа на народот, која ќе постави црвени линии за сите прашања важни за нашата Македонија.Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата! – се првите зборови на нашата химна, но и зборовите на голема надеж, голем сон и иднина каква сакавме да имаме и епизодата по која копнеевме, а сè помалку гледаме дека ја добиваме овие 32 години од независното постоење на нашата татковина. Денес од таа Македонија за која сонувавме сме подалеку од тогаш кога ја создававме. Се изгуби таа енергија, се загуби тој копнеж. Луѓето се отуѓија, им се одзема правото на колективното сонување, правото на заедничка среќа.Ние се бориме за мнозинство во парламентот за 61 пратеник. За тоа да се случи, драги пријатели, браќа и сестри, потребно ни е обединување на секој еден човек, мобилизација на секоја една клетка.И на тие кои што можеби не не поддржувале и на тие кои што имаат дилема, треба да им пратиме една јасна порака, сега е моментот кога треба повторно да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки.

More from ВестиMore posts in Вести »