Press "Enter" to skip to content

“Trailko“ трка за деца новина на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, пријавувањето во тек (фотогалерија)

Тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, односно здружението  за потикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола, кое е член на “ITRA“ работи на подготовките на новиот планински маратон, а паралелно дел од тимот е ангажиран во организација на новитетот, а тоа е детската “Trailko“ трка, која за прв пат ќе се одржи во Македонија.Патеката на која ќе се одржи детската трка ќе има должина од 500 метри, а ќе биде кај летно-зимскиот центар Ниже Поле, со кој стопанисува ЈП “Стрежево“. -Најмладите наши сограѓани, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ ќе имаат ретка прилика да се натпреваруваат во класична планинска трка, која ќе се одржи на 25 јуни кај центарот Ниже Поле. Ќе има три трки за деца родени 2017 и 2018 година (пеперутни), деца родени 2015 и 2016 (лицици) и за деца родени 2013 и 2014 година (волци) и тоа во машка и женска конкруренција. Ќе им ги обезбедиме сите услови да ја почувствуваат убавината на трчањето во природни услови и нерамен терен. Котизацијата е 620 денари, а пријавените добиваат маичка и ранче, стартен број, медал на крајот на трката за сите учесници, уникатни награди за најбрзите 3 во нивните категории и освежување пред и после трката. Секако ќе имаме и музичка анимација, уникатна атмосфера и дружење, игри за деца и обезбеден превоз од Битола и назад со автобуси. Евент водител ќе биде Марко Новевски, вели Ненад Лазиќ директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.Покровител на ова детска трка е болницата “Плодност“ од Битола, а офоцијалната промоција на детска трка се одржа во Битола, а маскотата на трката меќето Траилко на најмалите им порача дека полека се загреваме за најголемата детска планинска забава во годината, а ќе ги пречека и на 25 јуни. На платото пред Офицерски дом во Битола најмалите битолчани и нивните родители се започнаа со трката, а дел од нив порачаа дека сакаат да бидат идни шампиони.  Пријавувањето е до 31 мај, а бројот на учесници е оганичен, вкупно 300 дечиња, по 100 во секоја возрасна категорија.-Ви нудиме можност да се гордеете што Вашето дете би било учесник во наједноставната спортска активност, но и најздравата – природно, планинско трчање на тревна површина во срцето на планината Баба со нивните врсници. Не ја пропуштајте оваа единствена можност, која за прв пат во Македонија, покрај редовните трки, организираме настан со сите подготовки како за вистински планински трки. Не правиме разлика дали некој трча 115 км или 500 м – сите се шампиони и така ќе се чувствуваат, порачуваат од “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“.Максималниот број на пријави е ограничен и во секоја категорија изнесува 100 ! Сеукупно 300 деца!

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »