Press "Enter" to skip to content

Во Битола со драмскиот ораториум “Баница 1903-Стратегот на македонскиот универзум“ (фотогалерија)

На денот кога пред 120 години беше убиен апостолот на Македонија, Гоце Делчев, во Битола беше одбележана неговата годишнина со драмскиот ораториум „Баница 1903-Стратегот на македонскиот универзум“ од македонскиот драмски писател Зоран Пејковски, и со документарниот филм „Македонија во слики“ од Арсениј Јовков.На задоволство на вистинските Македонци, на кои Македонија им е пред се, во Офицерскиот дом во Битола, претставен беше драмскиот ораториум „Баница 1903- Стратегот на македонскиот универзум“, по повод 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев.Актерите, Роберт Велјановски, Јулијана Мирчевска, Рубенс Муратовски и Васко Мавровски, преку нивната брилјанта игра доловија дел од една македонска вистина сплетена низ црнилата, преку кои морало да помине македонскиот народ, која навистина траурно боли.А боли затоа што и ден денес се повторуваат тие безочни предавства, кои водат кон едно безочно уништување на цел еден народ, на цела една цивилизација.Вонредниот професор Мими Ѓоргоска-Илиевска, експерт за филмска дејност и заштита на аудиовизуелното културно наследство, пак, говореше за документарниот филм „Македонија во слики“ од Арсениј Јовков, кој оваа година ја бележи својата 100-годишнина.

Во филмот битолчани меѓу другото ги видоа и оригиналните снимки од префрлањето на саркофагот на Гоце Делчев, од домот на Михаил Чаков, во катедралната црква „Св. Недела“.Александар Јорданоски, пак, лингвист и експерт за културно наследство зборуваше за јазичниот стил во револуционерната поетика, а пак професорката Виолета Ачкоска зборуваше за историското значење на Гоце Делчев.Се разбира кон овие историски моменти проговори и професорот Александар Јаневски кој се обиде да ја разјасни сликата околу предавството на Гоце Делчев и предавствата во Македонската револуционерна борба.Се на се, битолчани имаа можност да видат еден прекрасен културен настан, со кој всушност се поттикнува Македонецот, да биде едно хомогено, македонското цврсто ткиво, кое и покрај се, борејќи се за македонската национална свест, ќе опстои со силен зрак како симбол во пазувите на Република Македонија, затоа што повеќе од јасно е дека Македонецот е предодреден да се бори за својата чест и националното достоинство.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »