Press "Enter" to skip to content

Општина Битола и “Сумнал“ изготвуваат “Стратегија за социјални претпријатија 2023-2026“

Општина Битола во соработка со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Битола, започна постапка за изготвување на „Стратегија за социјални претпријатија 2023-2026“. Драфт верзијата на стратегијата, денес беше претставена пред пошироката јавност, а истата е достапна и на веб страната на општина Битола, на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/strategija-socijalni-pretprijatija/

Стратегијата за развој на социјалните претпријатија 2023-2026“ претставува суштински документ за создавање на рамка за политики кои се однесуваат на социјалните претпријатија. Главната цел на стратегијата е да се поттикне создавањето и развојот на социјалните претпријатија во општина Битола преку воспоставување на поддржувачка институционална и финансиска средина.

Предложените стратегиските приоритети и мерки имаат за цел да ја развијат и подобрат законско- институционалната рамка, да воспостават соодветна рамка за финансирање на социјалните претпријатија, да го промовираат социјалното претприемништво и да ја зголемат видливоста на социјалните претпријатија. Целокупната имплементација на локалната стратегија се потпира на пристапот на колаборација, здружувајќи ги сите засегнати страни.  

Стратегијата за развој на социјалните претпријатија ги дефинира основните цели и активности за периодот 2023-2026 година, за да создаде институционална рамка за развој на социјалното претприемништво во општина Битола, како и состав на мерките и активностите за развој на социјални претприемачи.

Целта на стратегијата е создавање на опкружување кое ќе го поттикнува развојот на социјалните претпријатија и социјалното претприемништво, поддршка на социјалните претприемачи, дефинирање на критериумите за препознавање и развој на социјалните претпријатија и претприемачи.

Истата како прва локална стратегија за развој на социјалните претпријатија е концептуализирана врз основа на постојните истражувања во оваа сфера, реализирани од страна на различните чинители. Покрај тоа претставува прв обид да се даде стратегиска насока за долгорочен развој на социјалните претпријатија во Општина Битола.        

Средствата за изготвување на „Стратегија за социјални претпријатија 2023-2026“, се предвидени во Програмата за социјална заштита.

More from ВестиMore posts in Вести »