Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола започнува серија спортски настани и дружења

Отворен тениски турнир UKLO Open во Битола е првиот од серијата спортски случувања во организација на УКЛО, со кои започнува помасовно поттикнување на спортско – рекреативни настани за подобрување на квалитетот на студирање и живеење на студентите и вработените на Универзитетот.

Воедно, тенискиот турнир ќе обедини и средношколци од Битола и заинтересирани учесници, како добра прилика за популаризација на спортските активности кои помагаат во зацврстување на телото и карактерот, ширење на позитивна свест и едукација за важноста од спортот во психофизичкиот развој на младите, зачувување на здравјето и борба против зависностите.

Нагласувајќи ја определбата на УКЛО за поголема партиципативност на студентите во сите настани на Универзитетот, раководството на Универзитетот оценува дека Отворен тениски турнир UKLO Open во Битола ќе овозможи и меѓусебно запознавање и дружење и ќе внесе нов квалитет во социјалните односи.

Вакви спортски настани и дружења  УКЛО ќе организира и во другите градови во кои има свои единици.

Отворен тениски турнир UKLO Open во Битола ќе се одржи на 17 и 18 мај 2023 г. на тениските терени, Градски стадион во Битола. Пријавувањето е до 14 мај 2023 г . по што ќе биде објавен и распоред на натпреварите.  

Пријавување на линкот

 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeM6r5lPARSf2w4ZuSKsNU-AVmfS1IfYxHtNuvrbJMTu41LOA/viewform?usp=sharing

Контактакт лице:  Марјан Љамчевски, 072 316 246  marjan.ljamcevski@uklo.edu.mk

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »