Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хиперлипидемија, за што вели:
-Хиперлипидемија е кога има зголемени ниво на триглицериди и /или холестерол во серумот на пациентот како едни од најзначајните ризик фактори за Артериосклероза со последици акутен миокарден инфаркт, мозочни инсулти периферна артериска болест. Сложен е метаболизмот на липидите во кој улога има црниот дроб во продукција и елиминација на липидите користење како енергетски извор од мускулите, транспорт и таложење низ крвните садови и депонирање во масносто ткиво.
Триглицеридите се внесуваат со мрсната храна потоа се преработуваат во црниот дроб во VLDL па во мускулното ткиво и масното до LDL -со висока содржина на холестерил естери или таканаречен лош холестерол кој се елиминира бавно од рецептори на клетките кои користат холестерол. HDL се формира од холестеринот од разградените хиломикрони и ЛДЛ во комбинација со апопротеини и ензимот LCAT 3 со зголемена моќ за апсорпција на холестеринот и чистење на крвните садови.
Постојат примарни фамилјарни хипертриглицеридемии хиперхолестеролемии кои се најчесто генетски вродени и секундарни хипертриглицеридемиии кај уремија, дијабетес, СЛЕ, обезност сепса како и секундарни хиперхолестеролемии кај нефротски синдром, опструктивен иктерус, хипотиреоидизам дисгамаглобулинемија и комбинирани форми.
Во лекувањето се применува почетно диета со рестрикција на масти (сувомеснати производи, изнутрици, конзервирани производи, газирани пијалоци, полномасни млека и кашкавали), и зголемување на внес на полнозрнести житарки, овошје, риба, зеленчук богата храна на фибер влакна зголемена физичка активност.
Доколку после одреден период нема намалување на LDL холестеролот и триглицеридите се применуваат статини (симвастатин аторвастатин росувастатин) езетемиб, фенофибрати за регулирање на триглицеридите во крвта на пациентите.