Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хиперлипидемија

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за хиперлипидемија, за што вели:

-Хиперлипидемија  е кога има зголемени ниво на  триглицериди и /или холестерол  во серумот на пациентот како едни од најзначајните ризик фактори за Артериосклероза со последици акутен миокарден инфаркт, мозочни инсулти периферна артериска болест. Сложен е метаболизмот на липидите во кој улога има црниот дроб во продукција и елиминација на липидите користење како енергетски извор од мускулите, транспорт и таложење низ крвните садови и депонирање во масносто ткиво.

Триглицеридите се внесуваат со мрсната храна потоа се преработуваат во црниот дроб во VLDL па во мускулното ткиво и масното до LDL -со висока содржина на холестерил естери или таканаречен лош холестерол кој се елиминира бавно од рецептори на клетките кои користат холестерол. HDL се формира од  холестеринот од разградените хиломикрони и ЛДЛ во  комбинација  со апопротеини и ензимот LCAT 3 со зголемена моќ за апсорпција на холестеринот и чистење на крвните садови.

Постојат примарни фамилјарни хипертриглицеридемии хиперхолестеролемии кои се  најчесто генетски вродени и секундарни хипертриглицеридемиии кај уремија, дијабетес, СЛЕ, обезност сепса како и секундарни хиперхолестеролемии кај нефротски синдром, опструктивен иктерус, хипотиреоидизам дисгамаглобулинемија и комбинирани форми.

Во лекувањето се применува почетно диета со рестрикција на масти (сувомеснати производи, изнутрици, конзервирани производи, газирани пијалоци, полномасни млека и кашкавали), и  зголемување на внес на полнозрнести житарки, овошје, риба, зеленчук богата храна на фибер влакна зголемена физичка активност.

Доколку после одреден период нема намалување на LDL холестеролот и триглицеридите се применуваат статини (симвастатин аторвастатин росувастатин) езетемиб, фенофибрати за регулирање на триглицеридите во крвта на пациентите.