Press "Enter" to skip to content

Радост по победата, на паркетот во Битола со многу емоции и домашните, и професорот, и ладните Данци, и Хосни и Суси, и Бојан, и близнаците со мајка им, и Јовиќ и Шундовски, и Дади… (фотогалерија)

Драматичниот натпревар вечерва заврши со победа на Еурофарм Пелистер над Вардар и на чекор сме титулата да се врати во најракометниот град во Македонија, Битола, а радоста на сите чинители на победата беше огромна со многу емоции, со солзи радосници, со прегратки, со честититки, и секако се заедничка фотографија за сеќавање на сите и за некои спортски алманаси во иднина.Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, или како го викаат во клубот професорот, оваа сезона ги криеше емоциите и на победите, но и на некои порази кои секако тешко ги проживеа.Но, овој пар веднаш по завршувањето на натпреварот и победата се најде на паркетот и со своите ракометари и соработници ја прослави победата. Тука со него беа и Тања, Mарија и секако, секогаш емотивниот Бојан, кој со многу солзи радосници је прослави оваа победа, за титула.Ладните, Данци, Кисум и  Хененберг, како “балканци“ ја прославија победата, се радуваа заедно со соиграчите и управата.Кусим заврши на трибините каде беше пречекан со многу прегратки, а потоа рече: атмосферата беше фантастична, не можам да ја опишам, такво нешто не сум доживеал. Публиката едноставно не водеше низ натпреварот, во секоја минута.Едниот близната Петар беше во тимот, а другиот Павле беше на трибините, а по натпреварот беа на паркетот со мајка им, а тој емотивен момент го забележавме со прекрасна фотографија.Хосни и Суси одиграа одличен натпревар, а радоста по победата беше огромна кај нив, се радуваа како мали деца, ни и заслужија.На паркетот по завршување на натпреварот се најде и легендарниот економ Дади, кој се најде во прегратка со тренерите Јович и Шундовски, на кои им беше економ додека го носеа дресот на Пелистер.Голманот Лесњак имаше голем дел во победата, а неа по завршувањето на натпреварот ја прослави заедно со останатите двајца голмани и нивниот тренер.Како беше на паркетот по победата низ фотогалеријата на Сашо и Дамијана Ристевски.

More from ВестиMore posts in Вести »