Press "Enter" to skip to content

На УКЛО Битола талентираните на втора средба за поттикнување на креативноста, иновативноста и совремниот истражувачки пристап (фото)

За фокус групата студенти од УКЛО Битола надарени и талентирани и за сите заинтересирани за поттикнување на креативноста, иновативноста и совремниот истражувачки пристап, одржана е втора средба.

Состанокот со надарените и талентираните е посветен на практични вежби и задачи.Професорот од Педагошкиот факултет – Битола, Љупчо Кеверески, експерт во областа, заедно м-р Драган Ристевски, и со неговите соработници магистранти и докторанти на студиските програми Образование за надарени и талентирани, средбата со талентираните и надарените студенти на УКЛО ја посветија на развој на креативното и критичко мислење.

Благодарение на практичниот пристап и практичните аспекти споделени се задачи од Прирачникот за надарени и талентирани во насока на дополнителен развој на когнитивните функции, креативноста и критичкото мислење.

More from ВестиMore posts in Вести »