Press "Enter" to skip to content

Титулата доаѓа во Битола, Еурофарм Пелистер го победи Вардар во ракометнит храм (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар 26:23 (13:12)

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во Битола и е на чекот титулата по многу години да се врати во Битола, во натпревар во кој “пелистерци“ беа подобри, но и Вардар имаше свои минури ви кои погодуваше во серија во спектакуларен натпревар, кој ја врати радоста на публиката во Битола послед 18 години, откако славеа “дупла круна“.Ова беше осма домашна победа во осмиот меч на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.На отворањето на натреварот поведе Вардар, а потоа 4:3 беше за домаќинот. Следуваше добра игра на “пелистерци“ за 8:5, потоа и највисоки 9:5. Еурофарм Пелистер имаше и 12:8 и 13:8. Следуваше серија од 4:0 за Вардар за 13:12 на полувреме.Второто полувреме започна со израмнување 13:13, па се продолжи со “игра гол за гол“. Новата разлика “пелистерци“ од 18:17, на 21:17, по успешните одрбани на Лесјак. Следеше серија од три гола на Вардар за 21:20, и водство од +2 (22: 20) на 10 минути пре крајот. Со голот на Суси беше 23:20,  на три минути пред крајор Еурофарм Пелистер дојде на +5 (26:21) и победникот беше познат.Најдобри стрелци кај Еурофарм Пелистер беа Хосни и Костески со по 6 гола, додека Хененберг погоди 5, а Суси 4 гола, а голманот на Еурофарм Пелистер запиша девет одбрани.

Фото: Сашо и Дамијана Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »