Драматичниот натпревар вечерва заврши со победа на Еурофарм Пелистер над Вардар и на чекор сме титулата да се врати во најракометниот град во Македонија, Битола, а радоста на сите чинители на победата беше огромна со многу емоции, со солзи радосници, со прегратки, со честититки, и секако се заедничка фотографија за сеќавање на сите и за некои спортски алманаси во иднина.Претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, или како го викаат во клубот професорот, оваа сезона ги криеше емоциите и на победите, но и на некои порази кои секако тешко ги проживеа.Но, овој пар веднаш по завршувањето на натпреварот и победата се најде на паркетот и со своите ракометари и соработници ја прослави победата. Тука со него беа и Тања, Mарија и секако, секогаш емотивниот Бојан, кој со многу солзи радосници је прослави оваа победа, за титула.Ладните, Данци, Кисум и Хененберг, како “балканци“ ја прославија победата, се радуваа заедно со соиграчите и управата.Кусим заврши на трибините каде беше пречекан со многу прегратки, а потоа рече: атмосферата беше фантастична, не можам да ја опишам, такво нешто не сум доживеал. Публиката едноставно не водеше низ натпреварот, во секоја минута.Едниот близната Петар беше во тимот, а другиот Павле беше на трибините, а по натпреварот беа на паркетот со мајка им, а тој емотивен момент го забележавме со прекрасна фотографија.Хосни и Суси одиграа одличен натпревар, а радоста по победата беше огромна кај нив, се радуваа како мали деца, ни и заслужија.На паркетот по завршување на натпреварот се најде и легендарниот економ Дади, кој се најде во прегратка со тренерите Јович и Шундовски, на кои им беше економ додека го носеа дресот на Пелистер.Голманот Лесњак имаше голем дел во победата, а неа по завршувањето на натпреварот ја прослави заедно со останатите двајца голмани и нивниот тренер.Како беше на паркетот по победата низ фотогалеријата на Сашо и Дамијана Ристевски.
Радост по победата, на паркетот во Битола со многу емоции и домашните, и професорот, и ладните Данци, и Хосни и Суси, и Бојан, и близнаците со мајка им, и Јовиќ и Шундовски, и Дади… (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме