Под слоганот „Пишувај кирилица!“ е дбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, а дел тоа со видео проекција беше и на фасадата на Офицерскиот дом во Битола, со испишани букви кои го сумболизираа македонското знаме.
Цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, беа се испишани преку видеопроекции на повеќе објекти во државата, а се од нашите: Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов, Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова.