Денес, недела, 7 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, понеделник, 8 мај, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 21 степен.