Press "Enter" to skip to content

Пелистер се пласира во полуфинале со ТФТ, го победи Феникс во Битола за 2:1 (фото)

Пелистер – Феникс 81:56

Кошаркарите на Пелистер го обезбедија последното место во полуфиналето во македонскиот кошаркарски плеј-оф, побдувајчи го со 2:1 по натпревари, Феникс овој пат со 81:56 во четвртфиналната серија, кој имаше сили и играчи само за едно полувреме.

Првата четвртина им припадна на “пелистерци“22:18, а втората четвртина беше резултатски пособра за гостите кои ја добија со +2  (14:16). На одмор по 20 минути се отиде со  36:34 за Пелистер. На стартот на третата четвртина екипата на Феникс дојде до предност 38:39, а потоа се с дојде на свое место. Избраниците на Марјан Илиевски од тој период влегоа во серија, запонаа со 10:0, потоа 14:0, а и до 19:0, за највисока предност од 57:39. До крајот немаше место за ништо освен колку да се доигра натпреварот за конечни 81:56.Најефикасен кај победникот беше Стајиќ со 19 поени, Маслинко со 17 поени и Карутерс со 15 поени. Дабл-дабл учинок оствари и Сеад Хаџифејзовиќ со 13 поени и 11 скока. Во полуфиналната серија Пелистер ќе игра со екипата на ТФТ.

More from ВестиMore posts in Вести »