Press "Enter" to skip to content

Јовиќ и Шундовски: направивме голем чекор со победата во Битола, но уште не е готово, ни требаат две победи, потоа ќе славиме

Тренерскиот тандем Александар Јовиќ  и Звонко Шундовски и нивните ракометари се наоѓаат на два “мали“ чекори до шампионската титула, која најверојатно ќе се врати во Битола по големата победа во Битола во дербито против Вардар.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, по победата рече:

-Јас реков дека и кога изгубивме на првиот дуел против Вардар, нашето првенство е доста квалитетно, Алкалоид го победи Вардар и нас ни овозможи шанса да се бориме за титулата. Со оваа победа направивме голем чекор, но уште не е готово. Имаме завршница на Куп на Македонија, потоа имаме незгодно гостување во Охрид, па во Кавадарци, а за дербито додаде:

-Јас пред се би сакал да се заблагодарам на екипата на Вардар за одличната претстава од нивна страна и мислам дека денеска битолската публика можеше да ужива во врвен ракомет, а воедно и цела македонска ракометна јавност, која сигурно го следеше  дуелот покрај малите екрани. Мислам дека натпреварот беше на многу високо ниво, имавме поголема желба од Вардар и заслужено триумфиравме. И двете екипи имавме подеми и падови, Вардар кога имаше пад стигнавме до пет разлика, имавме напад за плус шест и клучот за нашиот пад беше лоша игра со играч повеќе и брзо ги направивме тие технички грешки, неколку промашени зицери, но во секој случај беше дерби за сите пари.

По натпреварот, Звонко Шундовски рече дека успехот над Вардар е огромен и мора да бидат максимално фокусиран до крај:

-Работиме да бидеме победничка екипа, со таков менталитет. Тоа овие момци го заслужуваат со нивниот квалитет, а уште повеќе тоа го заслужува и оваа публика која не бодреше 60 минути на највисоко ниво. Ова беше еден тежок, но и важен натпревар за двете екипи. Во Вардар има играчи кои освојувале европски титули, тоа искуство не се купува со пари, знаат како да ги одиграат посебно овие натпревари. Ние денес добро го покривме тој дел, ја подготвивме екипата и играчите одиграа максимално на теренот. Сите изгинаа и заслужено дојдовме до победата. Ни следат уште два меча пред нас, ова е голем чекор кон титулата. Имаме два меча со сериозни противници, мора да победиме, па потоа ќе славиме. Се надевам дека ова е потсрек за едно одржување на високо ниво и конкретно, екипа за Лигата на шампионите.

Еурофарм Пелистер во последните две кола ќе игра против Охрид и Тиквеш и многу е веројатно дека нема да си дозовли кикс, па така Битола ќе се радува на титула по речиси 18 години пауза.

More from ВестиMore posts in Вести »