Press "Enter" to skip to content

Во рамки на здравствениот локален акциски план за Роми, активно уживање на Пелистер

Благодарение на здружението “Дојде види и ужувај“ од Битола во рамки на проектот “Да го запознаеме Националниот парк Пелистер“, група Роми предводени од туристичкиот водич, Горан Пинза имаа можност да уживаат во прекрасните глетки.

Корисници на проектот преку пешачење беа активни и уживаа во природните убавини на Баба планина, а и беше и покажано дека чистиот воздух, мирното опкружување и побавното темпо на живот можат да помогнат да се намали стресот и да се поттикне релаксација. Активноста е поврзана со специфичните цели 1.1 и 1.2 од Здравствениот локален акциски план за Роми кој е веќе усвоен од Општина Битола.

Пинза им објасни на учесниците дека Баба Планина која се наоѓа во југозападниот дел на нашата држава, лоцирана неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер, иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. За тоа дека постојат две легенди прврзани со името Пелистер и дека во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12.500 хектари, е прогласен за национален парк. Најзаслужен за добивањето на статусот национален парк е петтоигличниот бор, молика, што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. 

More from ВестиMore posts in Вести »