Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 поразен дома од Тиквеш (фото)

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 25:30 

Екипата на Тиквеш е победник во натпреварот од плеј-офот во Битола, против домаќинот екипата на Еурофарм Пелистер со резултат 25:30 на две кола пред крајот.Тиквеш уште на стартот на натпреварот се одлепи на 5:8. Еурофарм Пелистер 2 бркаше негатива и дојде на -1 (10:11). Следуваше серија од 3:0 за Тиквеш за 10:14, а на одмор се отиде со  резултат 12:17. Во второто полувреме предноста цело време беше на страната на Тиквеш, а прашањето околу победникот се реши по воството на гостите од 12:21.Кај Еурофарм Пелистер 2, најефикасен беше Павле Петровиќ со 8 гола, а Димитровски погоди 4 пати.

More from ВестиMore posts in Вести »