Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј од Битола е вицешампион во кадетската лига на Македонија (мега фотогалерија)

Пелистер Волеј – Јанта Волеј 1:3

(20:25, 16:25, 25:23, 07:25)

Пелистер Волеј, денес во финалните натпревари кои се одржаа во Битола во салата на Медицинското училиште во Биточа,  ја продолжи својата традиција и од 2015 година до денес носи по најмалку еден медал во своите витрини кога се работи за млади категории, а овај пат тоа беа кадетките кои се закитија со вицешампионската титула, вкупно шеста во своето постоење.-Во финалето Пелистер имавше доста падови но и свои светли моменти, загубивме два сета, го добивме третиот, а веќе во четвртиот сет гостинките од Скопје не надиграа и сосема заслужено ја освоија шампионската титула, па така екипата на Јанта Волеј е старо-нов шампион, вели тренерот на Пелистер Волеј, Владимир Трифуновски.Во малото финале екипата на Бами Кор од Тетово се закити со бронзениот медал совладувајќи ја екипата на Наковски Волеј со 2:1 во сетови, интересно, по трет пат на овој Ф4 една екипа се враќаше од негатива од 0:1 во сетови со комплетен пресврт.Денес имавме навистина интересен, маратонски фајнл-фор турнир, турнир за паметење со многу тесни резултати.На огромно задоволство на бројната битолска публика најпрвен битолските кадетки во првото полуфинале ја совладаа екипата на Наковски Волеј од Струмица со 2:1 кога се враќаа од негатива по првиот сет и од 0:1 со пресврт од 2:1 стигнаа до ново финале.Во второто полуфинале екипата на Јанта Волеј од Скопје ја совлада екипата на Бами Кор од Тетово со 2:1 Скопјанки мораа на ист начин да се враќаат како во првиот полуфинален натпревар и од 0:1 направија пресврт од 2:1 за влез во големото финале.-Храбрите девојки кои покажаа дека Пелистер Волеј има навистина една од најуспешните школи во нашата држава во изминатата декада. Честитки и до сите останати учесници за нивниот постигнат успех и пласман, а Пелистер Волеј и Битола по којзнае кој пат се покажаа како супер одлични домаќини, истакнуваат од Пелистер Волеј.Пехарите и медалите ги додели претседателот на Пелистер Волеј, Марјан Митковски.

More from ВестиMore posts in Вести »