Подружницата РЕК “Битола“ денес потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола. Носител на поголемиот дел од информатичкото работење во РЕК Битола во моментов е Службата за деловно технички апликации во која се вработени 18 лица.
Потребата од воведување на современи технологии во работењето на комбинатот, ја наметнува и потребата од соработка со врвни образовни институции од оваа област како е што е Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.Целта на Меморандумот е да се воспостави долгорочна научно-стручна, образовна и апликативна соработка во интерес на договорните страни, особено на студентите на ФИКТ Битола. Согласно документот, факултетот и РЕК Битола меѓудругото ќе соработуваат во изработка на заеднички истражувачки проекти и проекти од областа на информатичките технологии.
Студенти од ФИКТ ќе изведуваат практична настава во РЕК Битола со цел непосредно запознавање со процесот на работа и стекнување практични знаења. ФИКТ по потреба на АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ќе дава препораки за вработување на најдобрите студенти дипломирани на Факултет за ИКТ Битола.