Press "Enter" to skip to content

105 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска, 8 мај, во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 105 возачи од кои (48-Прилеп, по 19 во Битола и Ресен, 15 во Демир Хисар и 3 во Македонски Брод.

Од вкупно 105 возачи ,67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »