Press "Enter" to skip to content

Битола по 24. пат домаќин на интернационалниот фестивал на монодрама (фото)

На 12 мај, ќе светнат сцените на Центарот за култура во Битола, и Битолскиот Народен Театар и под мотото “Да се биде“ ќе започне 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, на кој ќе се претстават професионални актери кои овој пат доаѓаат од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами и 2 вон програмата, од кои 3 од Македонија. 

24. издание на Фестивалот ќе биде отварено со претставата “Жени во собрание“, на Театар Комедија од Скопје, дело според Аристофан, а во режија на Ќендрим Ријани.Битола до 20 мај ќе биде вистински фестивалски град, со фестивал кој е толку многу посебен и надвор од рамките на програмските насоки на било кој друг театарски фестивал во нашата држава. На фестивалот на монодрамата ќе гостуваат монодрами Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Ливанија и три од Македонија.

Според директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски и оваа година ќе се обидат повторно да направат светски фестивал.-Интерационалниот фестивал на монограма и оваа година ни носи во Битола актери од целиот свет, а жирито на Фестивалот ќе одлучува кој ќе ги добие наградите за актерска игра, режија и гран-при наградата. И оваа година публиката ќе гласа за наградата која ја доделува градот Битола. Во буџетот за оваа години за фестивалот има 500 илјади од Министерството за култура, а од градот Битола добивме 250 илјади денари. И оваа година Фестивалот е од национален интерес и си добива своето место на фестивалоте со сериозна историја. 

Мотото на фестивалот е “Да се биде“, за што Андоновска – Илиевска додаде:

-Одбравме мото кое и те како се наметна по изминатите неколку тешко години кои ги поминавме, во светот и во културата. Мото кое не потсети дека светот може да застане, но културата и уметноста ќе го најде својот пат. 

Жири комисијата ќе биде составена од Нина Мазур која ма состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама и добро позната и на битолската театарска публика. Тука е Николај Урумов режисер и актер од Бугарија и македонскиот актер Сашко Коцев.Директорот на Фестивалот, Петар Мирчевски истакна дека имале тешка задача да селектираат бидејќи простигнале повеќе апликации од целиот свет.

-Да се организира еден вако фестивал кој трае девет дена, седум во конкуренција и два вон конкуренција, да се повикуваат и дајдоа актери од 11 земји, за мене е подвиг. Најголема заслуга за одржување на Фестивалот со нејзиниот тим има доректорката на Центарот за култура и Љупка Коларова – Пајевиќ и јавно им кажувам едно големо браво, секако и за помошта во селекцијата, рече Петар Мирчевски.

Љупка Коларова – Пајевиќ е дел од овој Фестивал од самото основање, а за годинашниот фестивал рече:-Оваа година сакаме го обновиме конкурсот за драмски текст и со тоа покрај актерите ќе го вклучиме и писателите. Досега имавме три изданија на монодрамски текстови претходно каде учествуваа најеминентните имиња, секако анономни. Тука ќе ги споменам Владимир Костов, Томислам Османли…

И оваа година ќе биде застапена офф-програма на повеќе локации и две работилници за младите преку детските школи за театар кои функционираат во нашиот град на тема пантомима и сценска актобатика… нешто што ретко го гледаме кај нас. Впечатлив дизајн на плакат и придружни промотивни материјали за фестивалот се објавени на социјалните медиуми, позади кои стои Димитар Ристовски.

Свеченото затворање на фестивалот е закажано за 20- ти мај после доделувањето на наградите, со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на Театар „Јордан Х. К. Џинот – Велес, во режија на Дејан Пројковски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »