Press "Enter" to skip to content

Пионерите на Еурофарм Пелистер трети во пионерската лига на Македонија

Еурофарм Пелистер  – Куманово 28:17 (пионери)

Пионерската екипа на Еурофарм Пелистер од Битола, ракометари родени во 2008 и помлади, предводена од тренерот Михајло Петровски е трето пласирана во пионерската лига на Македонија, по победата во натпреварот од “Ф4“ во Скопје, над екипата на Куманово.

Еурофарм Пелистер победи во “малото финале“ над врсниците од Куманово со резултат 28:17, и одиграа одличен натпревар на која покажаа не само резултатска доминација, туку и доминација со сите фази на играта. Покрај освојувањето на пехарот за трето место двајца поединци се најдоа во тимот на “Ф4“. Стефан Ѓоргиевски е прогласен за најдобар тренер, а Андреј Ѓоргиев за најдобро десно крило, а со тоа е потврден клалитетот на тимот на Петровски.

За пионерскиот тим на Еурофарм Пелистер настапија: Трсунов Атанасиј, Тасевски Јован, Лазаревски Стефан, Георгиев Андреј, Ѓорѓиевски Стефан, Спировски Тео, Здравковски Давид, Мацановски Јован, Трсунов Архангел, Керим Реџаил, Мијалчев Горазд, Бошковски Антонио, Велјановски Павел, Марковски Владе, Дуковски Александар, Симоновски Јован.

Битолските ракометни пионери беа поразени во полуфиналето од екипата на Голден Арт со резултат 19:23.

More from ВестиMore posts in Вести »